митинг (имн.) - во (предл.)

Уште пред да може да им се најде некакво поголемо значење на нејзините врели и недоречени написи (секако под псевдоним) во весниците Дрошак и Про Армениа, некако во времето ерменско- македонскиот митинг во Париз, во 1904, или порано, Рубина Фаин сѐ почесто сонува црвени пожари и виорења на пламени знамиња над кои, сличен на легендарниот громовник стои таткото на ерменското револуционерно движење, Кристапор Микелјан, жолт, расторбешен, куц и брадест, сличен и на праматар и на изгладнет филозоф, човек во чии очи можела да се прочита болката на сите испозаклани Ерменци од преострите сабји благословени од самиот султан, од неговите суви усни без насмевка и затворени во венец на побелена брада, света и злокобна како за него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На таквите "обвинувања" од страна на Меклин Тито го "смирил" Меклин со ветувањето дека Југославија нема "агресивни намери спрема грчка Македонија" и дека "грчката македонска бригада нема да ја премине границата", а југословенските територијални интереси ќе бидат поставени на мировната конференција по завршувањето на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште повеќе што и неговиот претставник во Македонија, Светозар Вукмановиќ-Темпо, според изјавите на Меклин, на митинзите во Македонија, а посебно во говорот во Белград на Првото заседание на народното ослободување на Србија, недвосмислено истакнал дека Македонија, според сето она што го видел, треба да се обедини, бидејќи тоа го барал народот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не еднаш на митинзите во Софија и во другите градишта се имаат примано резолуции со излагања на нуждите на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Југословенскиот простор кој Тито успеа да го обедини и одржи во авторитетна државна заедница во текот на половина век, што никогаш не му успеало на друг владетел на овие простори, започнуваше да напукнува...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Однекаде се најде и цвеќе, дојдоа и другарите, референтот за спорт и култура другарот Дервутоски, референтот за општи работи другарот Вецески, другарот Елимоски, другарот Лажоски, направивме еден митинг во чест на другарот Анески, нашиот Ѕвонар. Проклет да бидам, митинг.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Додека се присетував на историјата на бродот Галеб и на неговиот пристан во Тунис, со кој Тито во јули 1953 година патуваше во прва посета на Велика Британија, се вратив во далечната 1952 година, во времето на раното детство кога се најдов на големиот митинг во Скопје на големиот плоштад, на кој говореше маршалот од средишниот свечен балкон на Офицерскиот дом (се сруши во земјотресот од 1963 година).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Исто така истакнува дека партизаните организирале митинзи во “грчките села“,166 на кои присуствувале и „македонскиот и грчкиот комесар и му се обраќале на населението за да се придружи кон партизанското движење, без разлика дали на грчкото или на македонското бидејќи и двете се бореле за идентични цели“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)