мистрија (имн.) - и (сврз.)

Тој и самиот ја земаше мистријата и малтарката и малтареше, „Да не остане“, како што велеше, „ни ѕирка ни проѕоирка“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А беше добро, си зборуваше сега Змејко, сам со себе, добро беше што ја фрли мистријата и што замина по коларот, додека некој по тебе запраша од скелето: „Што зарем ти не знаеш?“
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ќе речеш мистрија и што ќе помислиш? - Дека со неа треба да го израмниш ипи да го измазниш, да речеме, тоа што не сакаш да се гледа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Аргир ја крена мистријата и удри со неа неколку пати во железото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А, вие, будалаците, би рекол, жими вера, опашајте ги мистриите и скепарите и ајде, ојте по селата камен да делкате, куќи да градите...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)