мислење (имн.) - кој (зам.)

Оттука никнаа школи на мислења кои ја толкуваа историјата како цикличен процес и кои се обидуваа да докажат дека нееднаквоста е непроменлив закон на човечкиот живот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ова бара постојано менување на минатото, што е овозможено со системот на мислење кој во суштина опфаќа сѐ друго и кој во Новоговорот е познат како „двомисла“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се знае и да не се знае, да бидеш свесен за целата вистина и да кажуваш внимателно исконструирани лаги, да имаш истовремено две мислења кои меѓусебно се исклучуваат, да знаеш дека се контрадикторни и да веруваш и во двете; да употребуваш логика против логиката; да ја отфрлаш моралноста и истовремено да полагаш право на неа, да веруваш дека демократијата е невозможна и дека Партијата е чувар на демократијата; да заборавиш сѐ што е потребно да се заборави, потоа сето тоа повторно да го вратиш назад во сеќавањето кога е потребно, а потоа брзо повторно да го заборавиш: и над сѐ, да го примениш истиот процес над самиот процес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа, како Кондијак, тие веруваат дека нам ни е потребно да го проучуваме јазикот за воопшто да би можеле да проучуваме нешто друго. ***
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не можете да го решите проблемот со истиот начин на мислење кој го создал проблемот. Алберт Анштајн okno.mk | Margina #4-5 [1994] 29
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Демистификацијата на Декартовите митски (мета) принципи и системот на мислење кој е заснован врз нив (23) отвораат простор за поинакво доживување на себе и другите.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За деконструкцијата науката е апсолутно неодминлива.  Романтиката, сега сфатена не како историски феномен туку како тип на мислење кој го следи и филозофијата на Адорно, исто така ја обработувала темата на неприкажливото.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Но секој ќе си остане дискретен за десет посто од информациите за својата земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе ни остане простор од деведесет проценти на размена на мислења кои можеби и ќе ни ги направат разбирливи и преостанатите десет проценти!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)