мисла (имн.) - не (чест.)

А кога се сети, го стори тоа со свесен напор: мислата не му дојде сама од себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да се спасуваат со бегање, да ја напуштат куќата пред да биде премногу доцна - таква мисла не им падна ни на ум.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Никој што некогаш паднал во рацете на Полицијата на мислите не успеал да се спаси.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во еден миг го облеа топлина после што како да се исплаши дека можеби грешат, но таа мисла не успеа да го потфати и понесе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ме држи во некој занес; ниедна мисла не ми доаѓа чисто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Миговно ја жегнува жеговна мисла: - Прости ми, мајчице мила, сум згрешила... сум се загледала во очите на момчето што вчера ми го препречило патот - ама мислата не ја изусти, ја премолча - за до крај да го дослуша сонот, па му рече: - И јас сум го сонила твојот сон.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- сакав да му возвратам на Зрновски, (или му возвратив!); посакував дури и да го навредам но ниту една мисла не подзапираше за да ја здогледам докрај, за да ѝ ја измерам силата, па се џарев во Зрновски збунет и беспомоќен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- И самиот рече дека некој настојува да ја скрие од тебе вистината, или нешто слично – ме враќаше на поранешниот исказ Стариот писател – па и да е така мислам дека не треба да се злоупотребува едно вакво толкување на нештата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа мисла не ѝ даде спокој.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)