мисија (имн.) - бев (гл.)

Чекорев нервозно и немоќно од едниот до другиот крај на резиденцијата. Во мојата прва дипломатска мисија бев соочен со државен удар во пријателската земја на приемот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јасер Арафат се бореше со сето свое битие, со сите политички средства да ја фиксира државата Палестина на окупираните територии, додека Махмуд Дарвиш ќе ја создава Палестина во својата поезија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во обете мисии беше вложен животот како неизбежна жртва.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тој малодушен лажно утешен рефрен има време, има време, згаснуваше времето на мојата мајка, времето кога таа веруваше дека имаше уште малку живот за да ги спасува животите на своите чеда Нејзината улога во пропишаната мисија беше уште потешка кога го загуби Татко, кој умееше да биде невидлива, но ефикасна брана на нашите амбиции, посебно на моите Во тие мигови на вознес мислев дека ја пишувам пресудната телеграма.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со текот на работата увидоа дека нивната мисија беше многу посложена и покомплексна отколку што ја замислуваа на почетокот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Си зададоа работа, без да бидат свесни за тоа, за до крајот на нивните животи, како што за тоа се изрази во една пригода самиот Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мојата мисија беше јасно назначена – како писател требаше да учествувам во изборот на албанска драма, што требаше да биде играна на сцената на Албанскиот театар во Скопје.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)