минута (имн.) - понекогаш (прил.)

Тој живееше во едно време омеѓено на по четириесет и пет минути со удари на училишното ѕвонче, а тие четириесет и пет минути понекогаш, кога часот не беше интересен, кога очекуваше да биде кренат да одговара, а не знаеше, му изгледаа премногу долги, а другпат, кога на час се случуваше нешто интересно, не го сеќаваше времето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Збирот на минутите понекогаш изгледа поголем од неговите составни делови, па четириесет и пет минути не се состојат од една минута, па уште една, и така четириесет и пет пати - кога се групирани, минутите како да формираат некаков пакет, кој е полесно да се проголта како сендвич со шунка, кашкавал, зелена салата и кечап, а не само како сува кифла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)