минута (имн.) - му (зам.)

Бетонските блокови, кои само до пред една минута му се чинеа дека се креваат од некоја бестемелна празнина, за да бидат поставени над нематеријални темелни ѕидови, сега се стврднаа во неговите раце, и темелите на кулата преминаа во своите вистински димензии.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Неколку минути му се чинеше дека ќе умре ако не стигне брзо до некој клозет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Докторот му ги отвора очите, му накапува од оние капки за ширење на зениците и по десеттина минути му светнува во нив... и, батеријата не работи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Уште неколку минути му беа потребни да се качи на сеното и да ѕирне низ вратничката од каде што ноќеска пукаше во волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)