мине (имн.) - низ (предл.)

На минување низ селото полковниците Жино и Бонети го побараа кметот и учителот да му кажат дека си заминуваат, а Стивенс отиде кај Аврам Сујак да ја купи кожата од мечката која пред некој ден ја виде и му се допадна: кожата по бојата и по светливото влакно личеше на онаа што ја бркаше по планината.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во тоа време, козјачките селани, иако едниствени против окупаторот, се двоумеа, неможеа да погодат: на чија страна да бидат - со голобрадите партизани или со кралските војници на Михаиловиќ, кои во името господово и Кралско, со секое минување низ Пелинце оставаа зад себе пустош.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Никако. Autodesk подготвува производ, којшто на техничарите и на архитектите би им овозможил минување низ градбата - виртуалната градба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа не значи дека постојат некои проблеми во нашето заедничко минување низ времето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во тоа време, козјачките селани, иако единствени против окупаторот, се двоумеа, не можеа да погодат: на чија страна да бидат - со голобрадите партизани или со кралските војници на Михаиловиќ, кои во името господово и кралско, со секое минување низ Пелинце оставаа зад себе пустош.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потем, тој пак стана, набрзина открши уште еден залак леб и на минување низ претсобјето виде дека сега торбата за в чаршија беше пуштена на теписонот пред закачалката.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Брат ѝ ја зграпчи за раката и ја изведе надвор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И потоа кога стигна до излезот, пред самото минување низ капијата на Гнездо, таа ја истргна едната рака од раката на својот брат, ја поткрена и мафна, мафна онака како што мафтаат луѓето кои тоа го прават за првпат, мафна онака како што тоа го прават оние кои мафтаат за последен пат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка убаво сфати дека Татко не сакаше да расчисти со своето или со Мајкиното минато туку, едноставно, да ни го покажат нам патот на нивното минување низ лави­рин­тот на балканскиот егзил чиј излез за нас, децата, тре­баше да биде пресуден за продолжувањето на нашите жи­воти.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Чувството на вклучување во WELL* само за минута - две, или за купишта време од денот, е мошне слично на чувството на минување низ кафеанчињата, пабовите, за да се види кој сè е таму(...) Слични се и катастрофалните последици во однос на дневните обврски - губите часови и часови дневно, муабетејќи на интересни, но не многу важни теми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)