минато (имн.) - во (предл.)

Навечер додека полека го испива коњакот, мисли на минатото во кое главно место имаат сите тројца: самата таа, мајка ѝ и нејзиниот покоен татко, поранешен трговец со сточна храна во Гдањск, а потоа сопственик на мал хотел тука, во Варшава.  Влегувам низ задниот, службен влез на Холокауст центарот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Поуката којашто од германското и чилеанското искуство ја погодува хрватската ситуација е едноставна: никаков друг пат не води од тоталитарното минато во демократска иднина освен патот на артикулирано сеќавање.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тука беше и Татковото судско минато во монархистичка Албанија, адвокатското време, минато во фашизмот, кое, впрочем, парадоксално ги спаси и него и семејството бидејќи тој остана на страната на праведноста.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Понатаму, мојата заинтересираност за геј-историјата ме прави склон да гледам тесна, конкретна и зависна поврзаност помеѓу особените контури и содржини на традиционалната машка геј-култура и единствените општествени услови во минатото во кои се создавала – услови што и тоа како можеле да ја создадат – како што се хомофобијата, плакарот, политичкото угнетување, за кои Д. А. Милер беседеше онолку речовито. ‌Тешко дека тие услови исчезнале, се разбира, а тоа е едната причина поради која геј-културата не е само некаков остаток од минатите времиња.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Анегдотската Архива е израз на неговото сопствено минато во релација со Студената војна.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Царот бил радосен но исплашен, дали ќе му се роди наследник или пак ќерка...
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Синот пак на чергарите кој бил кај царот, зборувал: „Да имам дрвца колку убави вретена би можел да направам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во далечното минато во Овчеполието владеел цар.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Гласот му доаѓал од далечина и од минатото во кое еден друг Мечкојад сѐ уште во темна пештера глода коски на ѕвер и во кое тројца болни од проказа му се молат на господа да им ги земе душите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш на игуменијата ѝ се причинило дека и од очите на тој Онисифор Мечкојад никнуваат влакненца, се кадрат и се замрсуваат, и дека е тој сиот едно големо клопче козина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Времето минато во природата ме исполнува и ми ги полни батериите за секој нареден ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Развојот на ИСТОЧНИОТ МОДЕРНИЗАМ од минатото во сегашноста ќе се одвива преку ИДНИНАТА.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На прв план, палестинското прашање ќе се најде поврзано со еврејското прашање и тоа со трагично минато во кое се мешаа политиката, историјата, религијата и многу митови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинскиот лидер го поведе во борба својот народ во дотогаш невидени услови во секој поглед во однос на другите ослободителни движења во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Смислата на победите или поразите во нивните битки со зборовите ветерници не можеше никој да ја разбере, а често и тие самите не ја разбираа, но ги крепеше надежта дека следи секогаш другиот ден, новиот збор извлечен од темнината на минатото во светлината на новиот ден...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Некој, не се знае кој од тие седиммина, и патилници и мечтатели, шетачи од далечно минато во претчувствувана иднина, воздивнува ово занес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дали е тоа нешто вродено, наследено? Дали стравот од сето она темно минато во семејството, од годините на војната, за кое само беше слушал и читал, но не бил и очевидец, го тераше со години да бега од дома?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И покрај поголемата мака и подолгото време минато во подготвувањето, вкусот на подготвениот тикуш остануваше ненадминат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Лежеше полупијан како многупати, ни буден ни предаден на сонот, раздробен заедно со минатото во кое длабоко продираа неговите корења.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И играта на сенките во чашите. Сликите на минатото во нив.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
За него, Грк од Египет критиката вели - умеел да го оживее минатото во своите песни.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Ви благодарам задоцнето и за ќесињата со миризливата лаванда од последната берба во Прованса кои го исполнија сиот мој дом, како и со спомени на едно друго време минато во чудесната јужна Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Видал Наум, како и мојот татко, имаа заедничко минато во времето пред падот на Отоманската Империја, балканските војни, Првата светска војна.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Така, ние постојано едриме од минатото во иднината при што нашите претходни искуства ни претходат - осветлувајќи го и организирајќи го начинот на којшто врз нас ќе се манифестираат следните настани. 4.2. Kant и Kelly: дали Rychlack е во право?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Брат ми рече дека времепловите се интересни само на филм, како што е она патување низ минатото во филмот „Враќање кон иднината” и дека ако мајка ми нема против, не би дошол со нас, оти знае тој како ќе изгледало тоа нејзино „носење во детството”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знаеше-како да не, поим немаше, ама кој му е крив што се прави важен па пропушта такви необични нешта како што беше тоа што се случи вечерта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)