минато (имн.) - кој (зам.)

Што ја карактеризира постмодерната форма на заедница?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како капак на сè им дојде кога мојот избраник од минатото кој трае, потстана, се исправи и им се обрати на нивниот јазик.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Лежам и тишината надвиснала како иронијата, недостижен ми е пулсот на волјата и страста на желбата, повторно и повторно се саможртвував и казнував со преживувањето на истите вакви часови од минатото кои совршено се пресликуваат во сегашноста.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ги вдишувам ноќната темнина и тишина ги реставрирам сите детали од минатото кои се уште ми делуваат непоимливо, руинирано и се обидувам да ги санирам да ги вклопам во сегашноста, но може да настане контроверзен судир и да дојде до пресврт од судбински, кармички размери.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ја барав границата меѓу сонот и јавето, реалноста се губеше во моментите на очај и агонија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ова е мојата судбина, секогаш сум против себе, секогаш патувам спротивно од ветерот и секогаш го избирам потешкиот пат за одење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)