милион (имн.) - пат (имн.)

Се разбира, веќе го слу­шам вашето мрморење дека тоа е реченица милион пати повторена.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Значи, познавањето на “публиката” е неопходно за успешна деловна комуникација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мостовите ги градевме со делкан камен; и сега во ушиве уште ми одѕвонува глетото и чеканот кој милиони и милиони пати ќе чукнеше додека еден мост направевме; еве и прстиве од левата рака ми останаа манливи, ми останаа собрани од држење на глетото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Земанек застана до разбојот, и сите ние, машките, почнавме да му довикуваме; сите му завидувавме, затоа што таа помош што требаше да им ја пружи на девојчињата подразбираше да ги фати за половината, да ги поткрене за да ја дофатат пречката и потем, при слегувањето да ги дочека на ист начин: околу половината. (Го правев тоа во циркусот потоа милион пати, но никогаш со Луција, туку со други жени).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Евала, евала, илјада пати, милион пати евала...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не ли е чудно што по сето тоа вашата реакција може да се сведе на една реченица, и тоа онаа од насловот на книгата: Зошто јас не го реков тоа! 104 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Том го беше видел тој гест милиони пати.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И ќе се раздени. И ќе се стемни. И така милион пати.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)