милион (имн.) - луѓе (имн.)

Еден политичар вреска дека неговиот народ не е исплашен туку лут, друг бара да загинат по милион луѓе од обете страни за работата „еднаш засекогаш” да се реши, трет вели дека е подобро народот да му се наоѓа во состојба на вооружен екстремизам отколку во летаргија, како тие две состојби да се единствените можни состојби на човековото постоење.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Под Големиот Брат е Внатрешната партија, чија бројност е ограничена на шест милиони луѓе, или малку помалку од два отсто од населението на Океанија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога Океанија би ги освоила деловите што некогаш беа познати како Франција и Германија, би требало или да го уништи населението, што би претставувало потфат со големи физички тешкотии, или пак да го асимилира населението од околу сто милиони луѓе кои, барем што се однесува до техничкиот развој, се приближно на нивото на Океанија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Идеалот поставен од Партијата беше нешто огромно, страшно и блескаво - свет од челик и бетон, свет на монструозни машини и на застрашувачки оружја - нација на воини и фанатици, кои маршираат напред во совршено единство, сите мислејќи исти мисли и извикувајќи исти слогани, постојано работејќи, борејќи се, триумфирајќи, извршувајќи казни - триста милиони луѓе сите со исто лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Едниот е, како да открие, против негова волја, што мисли другото човечко суштество, а вториот е - како да убие неколку стотици милиони луѓе за неколку секунди, без претходно предупредување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ПАРИЗ, сам за себе, претставува цела држава. самиот факт што на едно пространство во дијаметар од педесетина километри живее население дури поголемо отколку во соседна Бугарија, или пак во Грција, наведува на помислата што сѐ овде не се прави за да бидат навреме нахранети толку милиони луѓе, за да бидат редовно снабдувани со други потреби, за да се префрлаат луѓето на работа и по домовите за да има вода достатно за пиење и хигиена.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Имаше и други европски интелектуалци кои по битката кај Сталинград во која загинаа осум милиони луѓе помеѓу фашизмот и комунизмот, со право се определија за комунизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Милиони и милиони луѓе секојдневно стануваат и го заземаат своето место како шрафови во тој огромен механизам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се вртиш лево-десно по државата и заблежуваш стотици, илјадници, милиони луѓе кои носат во подмишките календари за годините што поминале и чекорат и дишат и изгледаат среќни (Коваќевиќ таквата среќа ја нарекува привидна).
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Растот доаѓа од Исток Источна Европа, тоа се: 350 милиони луѓе, но и огромни ресурси.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Холанд, на пример, се интересира за начинот на кој една група на независни компании успеваат, на некој начин, да дотураат храна за седум милиони луѓе во Њујорк.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но би требало да се екстрахира од четири милиони луѓе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако можеш да јадеш нечии пинални жлезди или слично... ТЛ: Тоа што го опишуваш е ужасно моќно искуство со дрога, кога можеш да го осетиш во неговите заби. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 74 ВГ: Да.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нешто слично на приказната на Хантер Томпсон за адренохромот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)