милион (имн.) - километар (имн.)

Меѓу 42 автомобили, кои учествуваа на оваа необична парада, се наоѓаше и еден „Мерцедес“ од 1907 година, доајен меѓу ветераните, кој за шест децении изминал над еден милион километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Убаво, убаво“, рече гласот од далечините од милион километри.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој човек, кој со леснина претрчуваше толку милиони километри, планини, реки, полиња, што како елен совладуваше големи трапишта со вода, кој на чудесен начин можеше да пролета низ кални, тешки патишта, низ трње, низ дождови, низ лапавици, со секавиците да се гони, беше жално, беше очајно да се гледа како се прпелка во малото, смрдливо сопче.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Што се однесува до Тате, тој никогаш не чинеше ништо за да оствари контакт низ милионите километри.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога пловиме по океанот, или кога предвидуваме затемнување, ние често сметаме дека е згодно да претпоставиме дека Земјата се врти околу Сонцето и дека ѕвездите се оддалечени милиони и милиони километри. Па што дека?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Бартон“, го чу гласот како од далечина голема милион километри.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)