милион (имн.) - автомобил (имн.)

Магаре среде Париз, каде што има милиони автомобили, е невообичаено да се види, но за стопанот на подвижниот магазин, магарето предизвикуваше пропаганден ефект, кој му носеше голем промет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Или, пак, колку бензин и други нафтени деривати треба секој ден да се испратат во Париз за да можат да се „нахранат“ резервоарите на неколкуте милиони автомобили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Медонската шума, каде што се наоѓа опсерваторијата, е вистинско место за одмор, зашто е далеку од морничавата бучавост на неколкуте милиони автомобили кои го потресуваат Париз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)