меѓувреме (имн.) - трае (гл.)

Во меѓувреме траеше Големата Војна, и не можеше да се патува, а и по нејзиното завршување железничките пруги меѓу Австрија и Германија беа прекинати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тие месеци брат ми секојдневно се јавуваше кај Софи; еден месец пред породувањето таа му кажала дека се чувствува многу лошо, следниот ден му се јавил зет му Макс Халберштат и му рекол дека состојбата на Софи се искомплицирала, и била итно префрлена во болница, а ден потоа Макс му се јавил одново и му кажал дека Софи починала.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)