механизам (имн.) - го (зам.)

Но истовремено знаеше дека не се сетил затоа што некој потсвесен механизам го штитеше од тоа да биде подземен од овој предизвик пред да биде подготвен за тоа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го враќам минатото: провокаторот е закопан на многу места во куќава - дел во оние стари добри пегли со јагленово загревање, дел во радиотот чиј механизам го однесоа во вреќа црни и дрипави собирачи на старо железо, дел во дупката на подот во кој ја чував Неговата слика.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Европа е сѐ поблиску до една состојба без државност кадешто државните механизми го губат својот врзивен карактер.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Го враќам минатото: провокаторот е закопан на многу места во куќата - дел од оние стари добри пегли со јагленосано загревање, дел од радиото чиј механизам го однесоа во вреќи црни и парталави собирачи на старо железо, дел во дупката на подот во која ја чував Неговата слика.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)