метро (имн.) - растојание (имн.)

Се успокои Суљо и нареди тргнување, но на самиот мост прати двајца на педесетина метра растојание од него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Другите залегнаа во растот и отворија оган, a пo кратко време затрештија и бомбите, но аскерот не се раздвои.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Четниците тргнаа по војводите на спротивната страна од Милана, назад кон Ливада, со надеж да се искачат на тој највисок врв и да ги најдат своите другари Попов, Сугарев, и Цилета и да ја поделат борбата и судбината, но на двесте триста метра под чуката просто нагазија на залегнатиот аскер, кој ги дочека со плотун од десет метра растојание.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За алките заковаа синџир од два метри должина, па тој синџир го врзаа за алката на наредниот и така со дваесет и шест метри синџир и тринаесет алки ги оковаа сите бунтовници на по два метра растојание еден од друг, да можат да одат на двојни редови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)