метафора (имн.) - и (сврз.)

Разрешите и ќе видите како горат и што ќе сторат метафорите и римите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што да ви кажам... Ми се тресе тлото под нозете, сликите се удвојуваат, сѐ ми се чини кревко, како да ќе се сруши секој миг - зборувам како интелигентна особа која се изразува во метафори и нѐ гњави со поединости.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од друга страна, таа разлика претпоставува дека филозофскиот дискурс е сосема нелитерарен, дека е слободен од метафори и реторика, и дека сето реторично и метафорично во него е пропаѓање и незгода.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Овие метафори и фрази имаат тенденција да го означат живото присуство на значајните нарации што го формираат чувството на самосвест.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Материјалниот свет“, продолжи Дипен, „изобилува со големи сличности во однос на нематеријалниот; и на тој начин реторичката догма, што преку метафората и компарацијата ги поткрепува аргументите и го збогатува изразот, добива извесна нијанса на вистинитост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)