метафора (имн.) - во (предл.)

Не се сеќавала, а сепак не ѝ се чинеше неприфатлива онаа нејзина метафора во врска со мангалот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како метафора во една песна звучеше сосема прифатливо - и стариот писател ме погледна со многу попријатна насмевка од онаа што ја среќавав на страниците на неговите книги, но сепак, перчето тага во очите беше нагласено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Вие на чудесен начин ја одржувате бесмртноста на татковата библиотека во борхесовска смисла, вникнувајќи во смислата на нејзината замислена и остварена метафора во мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)