место (имн.) - бил (гл.)

Ваквите акции ги предводеле Јордан Хаџи Константинов Џинот, браќата Миладинови, Прличев, Димитар Беровски и др. личности, но масовни акции презел и народот во Охрид, Прилеп, Крушево.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Имено, фанариотите (грчки владици, попови и учители) отворено биле бркани од народот и на нивно место биле избирани македонски.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Низ градот, иако блокиран, прелетала веста дека тој ден на многу места биле извршени убиства. Што, всушност, се случило?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Местото било дувло на добро ситуирани госпоѓи, кои давале многу парички за добар млад пастуф кој може да им исполни разноразни желби.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)