месец (имн.) - откако (сврз.)

Но судот, по три месеци откако го дотераа Толета, одреди ден за судење и ги повика, означените свидители во Челебиевиот извештај.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По пет шест месеци откако одвај се искуба од судот, отиде нарочно на пазар и на враќаше ги собра и си ги однесе дома, за да има што Да им остави на децата кога ќе ги остави за да му се придружи на Толета, оти агите веќе го зедоа на заб и го запашкаа да го гонат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Селото го изгоре аскерот два месеца откако ве собраа вас чупите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
После еден месец откако се иселив, го снема.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Помина веќе цел месец откако ја обелодени содржината на Томовите писма.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Татко ми е одамна починат (почина по два месеца откако заминав, затоа што не можеше да се соочи со тоа дека син му е циркузант), мајка ми почива до него од пред некоја година, а брат ми е сметководител во една мала фирма, неженет, и сосема пристојно заработува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Антице, измина еден месец откако ти, за да ја спасиш твојата чест, од силеџиство на Солман-ага, се фрли од пенџере на улица“...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Драги Илија, измина еден месец откако се венчавме и си отиде, но за мене како да измина цела година.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Седни ти и напиши му едно писмо вака: ти речи, пријателе, си се оженил пред една недела, а јас побрзо те разбирав колку ум имаш и еве еден месец откако сум омажена.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не помина ниту еден месец откако ја сместивме во Геријатрија.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Одбиваше да јаде.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Поминаа три месеци откако нејзиниот маж воопшто не мисли да го пречекори прагот на својата куќа и да излезе надвор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тики: Сосема.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во истата година, по неколку месеци откако Његош ја создава првата печатница во Црна Гора (четири столетија и две децении по отпечатувањето на Гутенберговата Библија), Џемс Гордон ја изненадува Америка со дневниот весник New York Tribune, големиот врсник на непознатите Новине хорватске на Људевит Гај.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Малку пред или по вториот Нобелов роденден, во илјада осумстотини триесет и петтата година, завршува гимназија Карл Маркс и Лермонтов им ја подава на рускиот човек и на светот Маскарада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Моето пријателство со Сара Ауербах започна неколку месеци откако престанаа часовите по цртање во дворот на куќата на нејзиното семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помина цел месец откако не го бевме виделе нашиот брат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На шести мај, на неговиот осумдесет и втор роденден, бев решила да појдам кај него со Паулина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дотогаш јас ја знаев само како лик кој набљудуваше низ прозорецот, а потоа нејзиниот татко му беше рекол на брат ми дека во нивниот дом сега доаѓа неговиот колега од факултетот, доктор Ернст фон Брике, сликар – аматер кој почнал да ѝ држи часови на ќерка му, и кој побарал на часовите да доаѓа уште некое дете, затоа што така би се постигнала подинамична работа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За овие месеци откако лежи болен и не може да оди подалку од собата, нафрла едно чудо птици.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Го напушти во Сиудад де Мексико шест месеци откако се запознаа, кога уште гореа од желба во блаженството на безумната страст во собата за послуга во населбата Анзурес.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но, не беше во право: таа се вратила кај своите родители и таму Сатурн ја побара, решен да ја врати по секоја цена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Околу еден месец откако ја завршив книгата, излезе еден напис во Esquire.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Мислам дека се викаше „хемија на желбата“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се зборуваше за бета-фенелитаминот, кој е структурно сличен на амфетаминот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)