месец (имн.) - ноември (имн.)

Работната атмосфера беше сосема в ред – вработените немаа поплаки ниту, пак, некакви меѓусебни препирања или нетрпеливости.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, доколку просечната исплатена месечна нето плата во РМ за месец ноември 2009 година била 19.918 денари, 9 а согласно ЗИПРМ пред измената од 2008 година, минимумот што можел да го исплати работодавачот како просечна месечна нето плата изнесува 12.947 денари.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ваквото непречено течење на работата траеше сѐ до крајот на месец ноември 2002 година, кога всушност се јавува и проблемот со којшто С. С. веднаш решава да се соочи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, согласно овој закон правното лице може да врши исплата на следните надоместоци: •  регрес за годишен одмор (К 15) најмногу во висина на просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за периодот февруари- април 1992 година; •  отпремнина при заминување во пензија најмногу во висина на трикратен износ од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; 9.  Просечна исплатена нето плата по работник за месец ноември 2009 година според Државниот завод за статистика. 184 •  исхрана на работниците во текот на работата најмногу во висина од 25% од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; •  дневници за службени патувања во Републиката во висина од 8% од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; •  дневници за службени патувања во странство во висина на износот утврден со Уредбата која се однесува за органите на управата и •  надоместок на трошоците за користење сопствен автомобил за службени цели во висина до 25% од цената на литар гориво за соодветното возило по поминат километар (чл. 6 и 7, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)