менталитет (имн.) - кој (зам.)

Оваа појава подоцна ја доведував во врска со нашата постојана балканизација, односно ропскиот менталитет кој не дозволуваше да излеземе од орбитата на деспотската власт.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакале ние или не, инаетот на Балканот е едно од централните обележја на заедничкиот балкански менталитет кој го наследуваат со векови речиси сите генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски беа свесни дека присуството на турцизмите во балканските јазици означуваше посебен феномен, означуваше олицетворение на еден балкански јазичен менталитет кој бил одржуван со векови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Види колку се Балканците непроменливи во комуникацијата на одрекувањето, колку само нијанси содржи негацијата не, па никако најчесто како априорен негативен одговор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)