мед (имн.) - и (сврз.)

Имал к'смет човекот, ќе му тече куќата мед и млеко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа претставуваше германски авион од последната војна, “Јункер 87” изработен во дрво, во природна величина и беше целосна репродукција на авионот со кој уметникот се урна во Крим за време на втората светска војна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа мастилна преслека која наликува на крлушките на диносаурус, ја намалува агресивноста на изгледот на воен авион и му придава дури и извесна сличност со некоја птица, џиновска птица можеби, но безопасна.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На времето, Татарите го беа спасиле Бојс лечејќи му ги изгорениците со мед и мастило.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Секогаш бегај од слаткоречиви. Од устата нивна тече мед и млеко, а зад тоа се кријат змии отровници.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Најголемиот дел од овој роман, всушност е дијалог, и тоа во Платоновата смисла на зборот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сведена е на односот на двајца врвни интелектуалци, од две различни конфесии (што е типично за Балканот) кои поседуваат огромни библиотеки, во кои се крие клучот на историската проклетија на полуостровот од мед и крв: неговите народи да живеат едни крај други, а во вавилонски клуч да не се разбираат едни со други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Боже драги, - прошепоте - каде дојдов? На истото место од каде што започна сркањето на медот и пелинот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Има многу наши од преку граница, од вашата ревизионистичка Југославија, наши бре, од иста етничка припадност и вера, пардон националност, кога ќе дојдат овде во татковината – мед и млеко откриваат, рајот го гледаат, некои и до Водачот стигнуваат, а кога се враќаат, друга песна пејат. Мизантропи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секаде саде мед и млеко. Свират виолини, мандолини.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потем погледна во записот на карпата и рече: „Писмото е слатка, но смртоносна работа, како и медот и виното, и другите неотровни сластија, ако во неумерени количества се земаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Па реши да ѝ биде покорен, мед и млеко да му минат низ заби, како потоци. Може тоа ќе ја смилостиви.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но сите тие рани ги излеков благодарејќи на медот и еве ништо немам.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Распростри ги јорганите бели, бели снегоплатнени, спаси нѐ од модриве ножеви студени, што се зариваат сега кога по нашиов пат штотуку заоди игривото коњче на животот со мед и млеко!“
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Закачил царско лавче на шубарата. Царот го фали, војниците од мед и ореви ги почестува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И поддршката за владејачката структура се бараше и, особено во раните периоди, се добиваше не врз основа на реално- сработеното, туку врз основа на ветувањето дека токму таквата политика во неодредената иднина ќе доведе до потекување на мед и млеко.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Додека се обидувам, осмиот месец од оваа година, MCMLXXX достоинствено да го започнам писмово до тебе ја откопчувам душата како елек и шаторот твој го распнувам сосема меѓу вториот и дваесеттиот век резот е доволно длабок и горешт светлината да се прекрши и одбие твојот профил да се обликува појасно макар и ништо да не не објаснува: ни империјата, ни мемоарите ни градот што го подигнав во мислата променлива - еден град повеќе во Елада, љубената ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше и Latio не, ни кованите пекунии со ликот на Антиној, обожаваниот Humanitas Felicitas Libertas ниту твојата библиотека која се обновува лека-полека по светот ниту противниците, не ни жените не ни смртта твоја и на твоите современици и коњот не, и знакот на небото и мачката со боја на пустина, мед и сонце (според описот на Јурсенар) ни патувањата, ни пророштвата не, не, не, во право си кога се сомневаш во смртта, кога му се предаваш на Допирот-Убавината-Сласта како на Смисла зашто, поместувајќи ги границите на крвта, плотта, идејата животот пренесувајќи го од една метафора на друга го одложи толку многу што остана и за нас! ________________________
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Мајчина душичка - упатство за чај – Се пие вудве или насамо но не претерано често се зоврива, по правило покриен во земјени, бронзени или керамички садови, дома во таа топла и задимена чајџилница на прекипнувањето: преку, отаде, и пред тоа, и потоа; потпивнувај, загревај се додека е жежок додека си желна шмркај, шмукај (наши сме) напари се задржи го колку што можеш подолго в уста, шлапкај со јазикот миризливоста, сладоста и краснописот на длапката да ги сети-ш; дотурај пополека, измешај го со лажичката желба за чај – жалба за младост секоја планина – своја падина потсркнувај чај – Бах чај – Жар чајни печива мед и путер; чајот не се пие од-нога пиј кроце, голтка по голтка г’тка по г’тка меѓу редови.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ако л' в кашти дојдит Турчин него да дочакват с мед и млеко, с слатки думи и него да служит со што искат, с какво искат и с вино чрвено.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)