мајка (имн.) - или (сврз.)

Се позатаи малку да види дали уште ќе ја штрека половината и крстот и бидејќи сети леснина, се обрна кон Митра со наивен детински поглед и полна доверба како кон своја мајка или сестра: — Да е видел господ, слепела, сестрице Митро, ошче за влакно ќеше да скрша глава. Boa ти било проклетија од господ на жените, сестричко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А јас секогаш бев свртен кон Исток Оти оттаму се покажуваше ликот на Мајка Или само така ми се чинеше Во погледот што завршуваше слепо Од силна светлина Додека ме крштеваа во бунило И ме наговараа да го минам прагот Да станам Свет во Светот Што сега како жарче ми свети Додека сам самувам во самица.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Театарски маски Најважната игра Цело маало ечи од неутешно мјаукање некое маче си ја вика мајката или бара нешто да јаде.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Кога мајка или баба ќе ме замиеја, веднаш чувствував олеснување, како некое пролетно ветре да ми поминуваше низ телото, ми го однесуваше огнот и јас во тој миг се чувствував веќе оздравен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мувичката Цеца прв ден леткаше сама, без придружба на својата мајка или некои од постарите сестрички.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Значи, пред да почнеме, да ве потсетам уште еднаш, се викам Ричард, само не сум сигурен дали сум првородениот на мајка или бев втор, трет или четврти дојден на свет (а може имаше и некој друг после мене).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Доколку новороденото дете, поради здравствени причини е задржано за нега или лекување, а во меѓувреме мајката или таткото се вратиле на работа, нивното отсуство поради раѓање и родителство се прекинува, со тоа што тие имаат право да го искористат неискористениот дел од законски загарантираното отсуство.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дончо само насетуваше што значи зборот милување, нешто што кога по твојата глава поминува раката на твојата мајка или кога Митра те бакнува по образот или кога некоја тетка што не ти е мајка ќе те стисне во прегратка а тебе ти доаѓа да ѝ ги разголиш цицките и да почниш да смукаш!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од раѓањето па до венчавката девојките најчесто беа чувани во потполно незнаење за сексуалноста и можеа само нејасно да ги насетуваат нештата; од дома излегуваа само во придружба на мајките или на некој од повозрасните роднини; од нив се криеше секоја претстава за интимните делови на машкото тело и секоја претстава за интимниот однос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кого и да запрашаше човек во тие години, мајка или татко, колку деца има, ќе речеше четири, две момчиња и две кози, или три, две машки и една коза...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Утревечер мајката или мажот ѝ, знаејќи дека во сопчето отспротива стои тој и ги следи во мракот, ќе ги затворат капаците и така во неговата соба веќе нема да навлегува светлината што му вдахна живот, светлината во којашто наивно уживаше, којашто беше неговата единствена радост. Меѓутоа, не беше така.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Значи, жената излезе на прозорецот само за да го види него и сигурно затоа што беше забележала дека и тој е на својот затемнет прозорец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Татко, кога нѐ виде сите собрани, пред куќата, на прагот, готови да полетаме, како семејство, кон најблискиот облак, за да ја минеме границата, веднаш, по силната возбуда што ја почувствува во мигот, претпостави дека Мајка или го насетила денот на конечното заминување или веќе наминал претпазливиот Гури Порадеци којшто, свесен за критичноста на мигот за опстанокот на побратименото семејство, не сакаше ништо да му препушти на случајот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)