мајка (имн.) - дека (сврз.)

И најскапоцениот златен подарок не може да го замени убавото чувство на мајката дека има добро, умно, вредно дете.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Татко некогаш ѝ беше рекол на Мајка дека некои книги се живи и можат да одговараат на поставени прашања!?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
— Ами как не, ќе ме маѓепца! He ме ваќаат мене маѓии; веле мајка дека си имам наврзници во косата — одговори Нешка и нешто ја штрекна, поцрвене како секојпат кога го напомнуваше Крстета во себеси, мислејќи ота сите што ја гледаат разбираат што мисли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)