мајка (имн.) - можеби (мод.)

Сето тоа, се разбира, не сакав да ѝ го кажувам на Марина, зашто споредбата со нејзината втора мајка можеби уште повеќе ќе ѝ го загорчеше чувството на очаеност, што сѐ повеќе ја обземаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сигурно веќе неколкупати се договарале кога е најзгодно да дојдат, мајката можеби излегла денеска пол саат порано од работа, но сепак се подзабавиле и за малку да им пропаднат парите што ги дадоа за тролејбуска карта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А Мајка можеби го очекуваше одговорот кога беше најмногу потребен, пред мојата дипломатска среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)