мајка (имн.) - природа (имн.)

Оваа слика сугерира можна космичка хармониаја која секогаш ми изгледала битна за Бојсовата скулптура, исто како и во неговата социјална и еколошка работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тој цртеж од 1956 постои силна врска со Нордиската митологија: судбина, пов­торно-раѓање, плацентата, мајката природа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во тоа време ја измисли машината за истражување на вре­мето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Голи, боси, испарталавени, како деца на чифчии, кои растат сами од себе со помошта на мајката природа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но мајката природа секогаш притекнува во помош на своите рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не малку изумреа и од оваа лоша храна, но пак не се исполни желбата на Арслана да се заличи и семето од овој пис милет.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навистина, во минатото луѓето занаеле каде да градат манастири, на најубави места, каде што мајката природа навистина била дарежлива.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Дождот престана, липите околу зградата великодушно ја зрачеа својата арома, а плочникот во дворот на зградата беше беспрекорно чист по заслуга на мајката природа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Една срничка разиграно трепка,барајќи топол поглед,нежен мајчински допир, топла и искрена прегратка...во растурените свилени крошни, интонирани со свежи и убави бои, какви може да ги даде мајката природа...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)