мајка (имн.) - дете (имн.)

ОХРИДСКИТЕ МАЈКИ
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Околу пладне, штом ќе е готова летната манџа, и штом ќе се курдиса сонцето како што треба, младите охридски мајки (што не значи дека во Охрид нема од стара мајка деца) ги дотеруваат бебулињата, ги сместуваат удобно во количките кои задолжително имаат чадорче или нешто друго за да им држи сенка, па полека тргнуваат кон езерото.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Масада 73 Света трпеза пред пештерите во камењарот над Мртвото Море послана со ленени простирки и со безброј земјени паници полни со плодови риби вино и исушен леб И птици поседнати на трпезата и исушени костури на востаници и мајки деца старци наоколу кои опколени од римските легиони немале друг избор освен до последниот да изумрат но да не се предадат
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И навистина, по многу векови, Бајазит влезе во Европа и сега сека ноќ е на прекрасна прошетка низ дивните џамии на Берлин, Париз, Лондон...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)