мајка (имн.) - богородица (имн.)

Тетка Перса смета дека нема ништо во животот на Пелагија за што би требало да биде накажана со таква сурова казна низ која има поминато, Ќе се молиме, златна Пелагијо, ќе се молиме сите три од недела во недела, од ден во ден, да му ги отвориме очите не само на дедо Господ, туку и на мајката Богородица, за неправдата шти ти е направена!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пред Богородица прва се поклонува баба Перса гласно ломотејќи благодарности и молби, на крајот ја целува и на ред е секако малечката Пела која веднаш се наоѓа во рацете нејзини што ја надвиснуваат над Богородица која е поклопена со дебел џам и гласот од баба Перса вели Благослови ме мајко Богородице! и таа ги повторува истите зборови, па рацете на баба Перса ја спуштаат крај себе и сега пред мајката Богородица клекнува нејзината мајка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во црквичето штама... саде откај левата - женска страна се прогласува стишено липање... жените ја тажат тагата на Мајка Богородица, ама и својата тага по умрените.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Зар не видела мајката Богородица дека војничето не си го извалкал човечкиот лик?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Блескотната светлина им ги подзамижува очите, а чадот и силната миризба на темјанот додека палат свеќи за живите и за мртвите полека како да ткајат едно невидливо платно околу нив што ги одделува од многулудната маса за да можат да бидат сосема сами кога ќе дојат да се поклонат и да ја целуваат мајката Богородица.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)