мајка (имн.) - чиј (зам.)

Пивна од ракијата, макар што, во последните години, ретко потпивнуваше, освен кога, заедно со роднините-емигранти од родниот крај, пред нивното заминување за Америка, си ја потпевнуваше носталгично полифоната тоскиска песна, посветена на една мајка чии синови заминале на печалба, неповратно.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа велеше дека на ова огледало ѝ се прикажувала судби­на­та, низ нејзината мајка чија судбината сакаше нејзината ќерка да не ја види жива.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Самиот мудур ја извади острата своја кама и му ги насече жилите и на поп Димитрија, кој одамна беше изгубил свест.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некои мајки чии синови беа пребиени и на животи се печеа, изгубија свест и се растрчаа да им помогнат на своите чеда, но се натакнуваа на голите штикови и се враќаа со раскрвавени раце, нозе и гради.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дојдоа мајките чие што чеда со Кузмана паднало; потем со Неда Кузман го тажеа тие.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)