мајка (имн.) - плаче (гл.)

„А помеѓу растурените коски и засекогаш широко отворените очи на тие несреќници на ридот се наоѓаа и рацете, и немирните души и на моите најмили, оти смртта и не разгледува многу внимателно кој е кој и чија мајка плаче по своето чедо.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Децата две нејзини и две негови, си намигнуваа; заборавија што учеле до пролетта на училиштето; учителката отиде во некоја бања со сулфурна вода и со по четири кревети и дрвеници во собите, нема кој да им ги извлече ушите на учениците, зреат, смешен им е животот, на едните Марко не им е татко, другите во Јага не гледаат мајка: таткото седи под каца, мајката плаче, децата кришум гледаат, потоа шепотат ноќе и погодуваат како се родиле и како се раѓаат други деца.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)