мајка (имн.) - нема (гл.)

Во други времиња, да беше жив Татко, ќе беше вистински празник за неговата душа, а и Мајка немаше да го крие своето љубопитство, својата возбуда. Но сега беа други времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кутрата Ели, кој знае колкава потреба чувствуваше да се приближи кон некоја жена што ќе ѝ биде мајка, зашто мајка немаше, а јас, секако, многу малку можев да застанам на тоа место.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Вашата мајка нема да ве послуша, - свикаа зајачињата во еден глас.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Сигурно нејзе, на новата мајка нема да ѝ биде пријатно присуството на мама, макар и на слика.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но јас, сепак, ќе се бранам, верувајте, останувајќи му верен на јазикот на животот, како последен мајчин аманет, надевајќи се, ако се спасам од кобната пресуда на ,небескиот трибунал на моите предци, да ја сретнам Мајка, на некој остров на најоддалечениот архипелаг, на брегот на заборавен сон.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Зар не е Мајка пред сите зборови? Зар зборот Мајка нема ист корен на сите јазици?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Не плашете се, - рече едно од лисичињата. Ние нашата мајка нема да ја оставиме ништо лошо да ви направи.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
А Пандо не да беше личен... Како него мајка немаше родено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)