мајка (имн.) - има (гл.)

Откриениот сиџил требаше, конечно, да му ја открие тајната дали предците на неговата мајка имаат овдешен корен или, во некое далечно, далечно минато, биле дојдени од Анадолија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Можеби поради детето во мене, сѐ уште не можам да се ослободам од анегдотата што мајка ми ја раскажуваше секогаш кога ќе се најдеше во ситуација да го подели она што го приготвила како храна (ќофтиња, пилешки крилца, колачиња, јаболки и слично): „Мајка имала девет деца.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Мајката имаше на нозете пантофли од син сатен со мали копринени панделки врзани во буква на врвовите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Невена, мојата мајка имаше скоро седумнаесет години а Стојан десет.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ти и самата си ми рекла дека други мајки имаат кутии за скапоцен накит и ги чуваат заклучени, а дека наместо тоа јас си имам „свет” и, колку што знам, тебе мојот „свет” секогаш ти се допаѓал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа зборуваше, а јас ни да трепнам. Ѝ реков, ама пак во себе: „светот” е составен од сувенири, а прстенот си е прстен и тој постои за да се носи на прст, како тоа не сакаш да го разбереш?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Штом почна да зборува, а почна до годината, и штом логички ги поврзуваше работите, таа ја праша мајка си Јас имам татко? а одговорот се стркала од устата на мајката Имаше, мила!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Затоа што мајката има стрплива нежност, а таткото сурова исклучивост.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Рече – ова е првиот чекор. И рече – до станувањето мајка има уште многу чекори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во текот на тоа лето наеднаш омекнаа цртите на нејзиното лице, кои таа целиот свој живот ги остреше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некогаш мајка имаше забелешка за секој кој ќе поминеше по улицата; сега гледаше со отсутен поглед и молчеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но кога ја прашав кои се тие чекори – не сакаше да ми каже.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но Мајка имаше и своја „грчка љубов” која се роди во душата во раните години на нејзиниот живот и која содржеше лични тајни кои беа често во расчекор со Татковото поимање на балканската историја...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А и мајка има голема рода, дури до врвовите на власта стигнува!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тој, всушност, на свој начин, ја дополнуваше и ја интерпретираше балканската историја, за што Мајка имаше разбирање!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од стопарињата бакшиш што ги оставаа некои од гледачите, Мајка имаше доволно пари да го купи млекото за утрешниот ден, во очекување на платата и на купоните, на крајот од месецот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка имаше добиено најмногу такви телеграми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
II Во историјата на животот на Мајка имаше повеќе премолчувања отколку кажувања.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некои ги давеле, некои живи ги закопувале децата. На некои им било жал. Секакви мајки има.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)