мајка (имн.) - бев (гл.)

Последниот контакт со мојата мајка беше телефонскиот разговор околу 9,30 часот, утрото на 14 април.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Едвај чекав да ја видам како никогаш дотогаш.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мојот татко и мојата мајка беа многу вредни, работливи и чесни луѓе, затоа до крајот на животот беа ценети и од нас децата и од луѓето кои ги познаваа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Што беа вашите родители? Мојата мајка беше модистка и крпеше чипки.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Татко го фати блага дремка. Мајка беше тука. Го покри со наметка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со брзи чекори, се упати дома. Добро знаеше дека и Мајка беше подготвена за двете решенија...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка беше пред порти. Го забележа уште од чардакот, кога чекореше крај Дрвениот мост.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка беше уште поизненадена кога, во пликот, виде пари како никогаш дотогаш. Пари, колку за три Таткови плати.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
17. Еден ирски јунак чијашто мајка беше почината, доби задача од својата маќеа да тргне на пат до островот под морето и да донесе златни јаболки што таму ќе ги пронајде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Само што тргна, коњчето рече, „Погледни ми во увото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тогаш додаде, “Имаше само три или четири дена кога моравме да останеме во кревет за да се згрееме”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мајка беше среќна. Дочека од рожбата да ја води до границата на враќањето. Немаше посреќна мајка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Горчин рано го загуби татко му, тукушто влезе во пубертет, и мајката беше онаа силна потпора што го отшколува и што го изведе на вистински пат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Татко на залез на сонцето, кога последните црвеникави зраци исчезнуваа зад тврдината Кале извишена на другиот брег од реката, зад која патуваа и исчезнуваа неговите мисли, ќе ја оставеше книгата на комодата крај миндерот среде чардакот, а тоа за Мајка беше знак да ги донесе бокалчето домашна ракија и Татковото омилено мезе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајка беше среќна, но и задоволна што повеќе не беше во центарот на вниманието. Не беше навикната на тоа. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка беше сигурна дека Татко имаше многу работи да ѝ каже за нејзините стари знамиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но Мајка беше не само читател кој се идентификуваше со поредокот во семејството, со реалноста во фикцијата, туку таа ја откриваше и смислата на постоењето на ракописот и низ неговата естетска димензија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко не можеше да дојде на железничката станица. Мајка беше тука.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Наспроти сите притаени сопирања од страна на Татко да појде во родната земја, Мајка беше решена да се најде и на жртвеникот на враќањето, небаре сакајќи, со самото минување на границата, да ја обезличи, да нѐ ослободи од нејзиното митско присуство во нашите животи, да го наложи чинот на враќањето како нормална состојба, како и за сите други луѓе на земјата, како нејзин реванш над балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка стоеше на белиот куќен праг. Крај Мајка бевме сите ние, нејзините синови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Имаше само една мала измена во собата. Мајка беше внела мал телевизор.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка беше ретката во семејството, во пределите на нашите преселби, која умееше без збор, без лелек, без знаци на умора, да си го допира дното на страдањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од блиските на Мајка Тереза, Мајка беше дознала за нејзината мачна судбина, кога уште на својата осма година, ненадејно, го загубила својот татко, па потоа долго време семејството се соочувало достоинствено со маките на сиромаштијата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка беше градинар на молкот во кој ја одгледуваше добрината во сите нејзини годишни времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таму можеше веднаш да се забележи дека верската поделеност, меѓу рисјаните и муслиманите, беше поизразита, незаплисната од брановите на лаицизацијата на која Мајка беше навикната.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ме очекуваа. Мајка беше во тивок сон.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За Мајка беше секогаш мачно да буричка по спомените, особено по во оние од другата страна на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка беше вистинската хероина на мојот ракопис поради која вредеше да се продолжи да се пишува, да се трага по сеќавањето, со сета имагинација, со имагинацијата на целото семејство...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вистина беше дека, при читањето, Татко редеше нови пластови знаење во својата душа, а Мајка беше пови­кана да ги проверува овие вистини во животот, како све­тли­­на на нејзиното семејство кое стануваше мала ѕвезда во балканските темнини... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Завладеа тишина. Мајка беше близу. Со уши на ѕидот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
XII Мајка беше видливо загрижена од татковото непредвидено отсуство од работа и од куќи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Останатите две мајки беа млади и немаа свои деца.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И понатаму новата мајка беше во куќата главна, а со моето растење јас сè повеќе и повеќе ѝ помагав.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)