маса (имн.) - ќе (чест.)

Откако одлучив да гладувам, додека не пребледнам и премалам до онесвестување (а во донесувањето на ваквата одлука НЕ играше улога наближувањето на летната сезона и тековниот тренд на топлесот и тангата), преместувањето на работната маса ќе беше преголем зафат за толку мал човек како мене, па на крајот ги преместив компјутерот и работниот стол, како револт од немоќ да променам нешто поголемо во мојот застоен животен тек.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Инаку пациентот е сосема во ред”, рече главниот лекар, „уште и операционата маса ќе ни ја сруши кога ќе го вратиме од наркоза, сила од човек.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Изразувајќи недоверба во можноста на Револуционерната организација да дигне општо востание и да постигне некакви резултати, гемиџиите редовно ги истакнувале тешките последици за населението од предизвикувањето на едно недоволно подготвено востание, сметајќи дека со нивната лична саможртва и без учество на широките народни маси ќе се постигне повеќе.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се укина и одредбата која предвидуваше дека веднаш штом во имотот што влегува во стечајната маса ќе бидат собрани и достапни соодветни парични средства, стечајниот управник со претходна согласност на стечајниот суд ќе изврши авансни исплати на побарувањата од социјалниот план (чл. 34).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Па те нуди, како домаќин, да пивнеш нешто да се опуштиш, а ти знаеш дека по првото ќе се врзеш, по второто под маса ќе те бараат, а по третото - под него евентуално.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
-И, јас што да правам? -Под маса ќе му даваш, ете, тоа ќе правиш.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Потоа, со измените од 2004 се предвиде дека по намирување на трошоците на стечајната постапка, од стечајната маса ќе се намируваат неплатените придонеси од плата за пензиско и инвалидско осигурување за времето до отворањето на стечајната постапка, пресметани на најниската основица за плаќање придонеси (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)