маса (имн.) - да (сврз.)

Тој, чувствувајќи дека таа сѐ повеќе се отуѓува од него, та кога ќе седнеа на масата да јадат и кога ќе го почувствуваше присуството на Богдана на масата, ја брецнуваше чинијата со јадење и стануваше да не го чувствува во близина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Знаеш...“, неочекувано му рече Германија по неколку месеци, станувајќи од масата да ги сервира приготвените шницли во бешамел сос со печурки.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Продолжи веселото друштво на масата да пие и да се весели, а јас овде продолжувам да го водам антисталинистичкиот бој како амбициозен балкански Дон Кихот со бункерите – ветерници и наредбодателите на нивните градители...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А ако мора да седнете на иста маса да јадете од ист леб, од иста чинија, тогаш тоа ќе го правиш внимателно, со такт, а сè во зависност од степенот на досегнатата мудрост.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)