маса (имн.) - прекриен (прид.)

Еднаш се евоцира маса прекриена со прашина која паѓала така нерамномерно што оформила еден минијатурен пејсаж на кој се распознаваат „разновидни облици на брегови и ритчиња”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Четвороаголното претсобје беше наместено како дневна соба, со кауч, две фотељи, изразито гломазни и четворна, сниска, прилично просторна маса прекриена со наштиркано бело милје и една голема зелена стаклена чинија полна со домашни ситници за да ѝ бидат при рака на домаќинката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во собата во која ме внесоа имаше една самоделска маса прекриена со плетен шамак и две долги клупи од страните на кои седеа петмина мажи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со завршен поголем дел од работата во денот, тој, во кутијата со ручек, внесува здрав апетит и чувство на задоволство поради работата што ја завршил, и тој не би го заменил овој ручек во кутијата, што му го спакувала неговата сопруга, со оброк сервиран во ресторан на маса прекриена со бел чаршав.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)