маса (имн.) - поставен (прид.)

Неколкуте маси поставени надвор, пак беа празни, освен една на која седеа некој младич и некоја девојка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таванот е низок и масата е таман толку оддалечена за да можам лежејќи да ја испијам ракијата и да го изедам ручекот, дофаќајќи сѐ што е на масата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На тие зборови сакав да станам од масата, но таа ме праша: – А кај ти е обетката? – Молам? – се збунив, но почнав да пребарувам по џебовите, иако знаев дека секако нема, сега засега, да й ја покажам обетката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Потамина сврте в десно и се спушти надолу каде што здогледа паркче и спроти паркчето кафеана каде што, околу една маса поставена надвор, беа наседнати тројца возрасни луѓе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Над мене има дрвен таван а на него е прицврстена четириаголна маса поставена за јадење.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа беше една просторија како поголемка дневна соба, со пет-шест маси поставени вдолж и столовите како расфрлани по просторијата околу масите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Над мене има дрвен таван и на него е прицврстена четвртеста маса поставена за оброк.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)