луѓе (имн.) - низ (предл.)

Се нафрлија на дуќанот од Цветко и искупија сѐ што имаше внатре за јадење и за куќни потреби; страсните пушачи што беа останати без тутун, по две цигари редеа в уста за да се наситат; рошкаа луѓето низ дуќанот, претуриваа низ сѐ што ќе најдеа: отвораа сандаци, вреќи, кутии; искупија сѐ што им требаше и не требаше; дуќанџијата Цветко го молитуваше бога пак да даде дожд.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Оковани во прангите, со белегзиите на рацете и синџирите на гушите, ги помина неколку јаничари низ Стамбол но тука не предизвикаа некое големо љубопитство кај луѓето низ чаршијата, бидејќи вакви појави во Стамбол не беа реткост како во малите гратчиња во провинциите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се растрчале луѓето низ шумата, по доловите, по меризите и се кријат под буките, под камењата, во пештерите, во ветките, во ѓинѓерите, во папрадиттата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ова збунување што јас намерно го предизвикав кај моите посетители, ги натера да се загледуваат во луѓето низ градот така изложувајќи се на опасност.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)