луѓе (имн.) - нема (гл.)

Кога луѓето немаат конкретни решенија за определени ситуации, излезот го бараат – во големите идеи! Најчесто утописки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Трансформирајќи го визуелното искуство во „плиток случај на редундантност“125, узурпацијата на јавниот простор од страна на рекламите се претвора во визуелно загадување и заситеност, вишок на „визуелна бучава“ што попречува каква било значајна комуникација. 126
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
„Не правете го ова злосторство... Живеев во вашата земја и видов дека луѓето немаат ваква злосторничка душа...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зашто луѓето немаат слобода во изборот дали ќе ги гледаат билбордите или не.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Меѓу луѓето немаше предавници, немаше незадоволни, немаше обесправени: затоа светот стоеше на цврсти нозе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тој беше едно темно, нечисто, бедно место во кое речиси никој немаше доволно да јаде и во кое стотици и илјадници сиромашни луѓе немаа чевли на нозете и покрив над главата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)