луѓе (имн.) - верува (гл.)

Луѓето веруваа дека водата лекува од ветроштини, и тоа само дечоани, чупиња од таа возраст и невести, навеани во првите шест месеци по заневестувањето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Луѓето веруваат во нешта што не постоеле и кои немаат врска со реалноста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И тогаш чиниш беше прероден од тоа што беше успеал некако да поверува и сакаше и сите други да му поверуваат нему. И навистина луѓето веруваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Којзнае зошто, ама луѓето веруваа дека тој не умира од куршум, дека нешто ги одбива куршумите што одеа кон него и дека се плашат и да го драснат, крв да му пуштат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)