лопата (имн.) - во (предл.)

Па така, секој слободен миг момчето го поминуваше со лопата во рака, фрлајќи го снегот лево десно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По еден или два часа зад полноќ, кога веќе ни месечината го немала она нужно значење на таинственост, далеку и со острината на рабовите забуцана во неподвижен облак како парче на посребрена лопата во сива и лилава земја над самата земја, ридовите се згуснале, биле исплашено и гровнато кртило на непознати животни, речиси повеќе правоаголници, триаголници и искинати елипси на светлост и сенки отколку скаменети крмници со џиновски стави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јован ги фрли казмата и лопатата во дупката и излезе горе да си ја облече кошулата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И стражарите, иако со раце врз пушките, спиеле со зјапнати усти, тешко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)