лопата (имн.) - го (зам.)

Пред да експлодираат кокичињата Се лизнав и паднав и станав и со лопата го фрлав снегот преку рамото на улицата* тркалото шлајфуваше* во машината за перење алишта се цедеше потта од мишките на улицата и смрдеата од устата на ѓубреџиската кола чие тркало шлајфуваше во длабокиот снег* децата дојдоа со везени пиперки и со друг зарзават и со тенџере и со метла небаре ќе прават вештерка а не***
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Некои што можат се качуваат на куќите и со дрвени лопати го ринат снегот од покривите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Со лопати го чистевме друмот Костур – Билишта. Бевме луѓе од Костурско.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дојдоа другите шофери и со раце и нозе и лопати го исфрливме снегот и патот го отворивме сѐ до горе каде завршува кривината, до превалот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)