лице (имн.) - негов (прид.)

Се мачеше да го сметне од себе сето време додека продолжуваше да се мие со снегот пред вратата; се мачеше да го истрие од своето лице неговиот млак допир додека притискаше со белата грутка по слепоочниците и по густо обраснатата брада, а кога не успеа, во него остана знаењето дека вчерашниот ден мораше да ги остави по себе сите свои трагови и дека тој ќе мора нив уште долго да ги носи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Така и мравата. Така и човекот. Така и јас, човекот-мрава, со цел лукава, ниска, недостојна што бев; јас, мрава што ви го преподавам ова сочинение Вам, кои доаѓате на лицето на земјата по мене и застанувате пред лицето на Господа, како јас што стоев и не достојав, оти Он ме изгони од пред лицето Негово.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се излажав: лицето на Писмородецот се разведри за миг, но ведрината исчезна кога виде тој дека јас само една реченица кажав, а душата негова суетна чекаше уште, и не доби, па се смурти лицето негово.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Колку е лажен човечкиот срам и колку е застанат понастрана од лицето негово!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)