лице (имн.) - почне (гл.)

Од добрата храна, чистиот воздух и физичката работа во шумата, жолтилото на лицето почна да го остава, а да се појавува слабо руменило.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Восочното лице почна да добива боја на разредена боровница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бледилото на лицето почна да му се заменува со црвенило, срцето посилно да му чука од напливот на крвта и од возбудата што еве најпосле по толку години пак е во своите мили предели откривајќи си го во нив својот некогашен изгубен лик.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)