литар (имн.) - вода (имн.)

Правот од ќесичката се истураше во еден литар вода и се добиваше сокче со речиси флуоресцентна портокалова боја.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Водата ќе се зафаќа од Оризарската река, ќе се прочистува низ простројките (филтрите), ќе се обезбеди 300 литри вода во секунда, со што ќе се задоволат потребите за 55 000 жители во градот и пошироко во Општината Кочани.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Капацитетот ќе може да издржи до 600 литри вода во секунда, значи планирано е перспективно и со зголемување на градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Обете акумулации, со околу 260 милиони кубни метри вода, секоја секунда ќе даваат по 7.500 кубици вода за пиење, а тоа значи дека населението на Црноморието, кое брои 1 милион жители, ќе добива просечно на ден по 650 литри вода.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се пресмета дека во резервоарот би влегувале шеесет литри вода во минута, така што за помалку од една ноќ, резервоарот би бил наполнет, односно, дури и да се потроши акумулираното количество од седумдесет илјади литри, за околу дванаесет часа, тој пак би бил полн. Се разбира, се сметаше на еден просек.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Правиме и систем на бунари за користење на подземна вода, со капацитет 3,5 литри вода во секунда.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)