лето (имн.) - го (зам.)

Тоа лето го донесе почетокот на војната, Германците удрија на Полска.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тие летото го сакаат како мајка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тие летото го сакаат како мајка. Прават малечки мостови преку потокот. Прават брани, воденици. Но најчесто мостови.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Летото го мина во тоа мачно нерасположение, во загриженост.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Новото господово лето го дочекаа со еден од нивните долги, бездивни бакнежи со отворени очи, во кои се преточуваа зелената оаза и синото море.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дури и во лето го правев истото.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)