лето (имн.) - бев (гл.)

Понекогаш би собрал нешто од Вин, која беше прва за која знаев дека се облекува во S/M фазон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова беше летото кога претседателот Кенеди стоеше покрај берлинскиот ѕид и говореше: „Јас сум Берлинец“, и ова лето беше последно пред бомбардирањето на Виетнам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За да ја следат модата, фризерите правеа или премногу кратки или премногу долги фризури, а што се однесува до шминката, со липстикот беше свршено, а прва нова работа беше шминката со виножито-бои, бои на бисер, златен-блескав во ноќта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа лето беше првата U.S. турнеја на Битлси и одеднаш сите почнаа да се прават Англичани.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
(...) Никако не можев да сфатам дали толку многу работи во шеесетите се случија затоа што многу малку се спиеше, или малку се спиеше затоа што имаше толку многу работи да се направат. Веројатно беше и едното и другото. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 163
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа се вика трач - и е моја опсесија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И кај нив целото лето беа гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека во другите куќи преку лето беше врваленка од луѓе, тие двајца беа сами.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Наместо да отидам јас ја пратив Лима. Нејзините импресии од излегувањето ги слушнав утредента, кога јас и таа се најдовме на плажата „Немо“, која токму тоа лето беше хит.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Последната сабота од месецот јуни тоа лето беше пеколно топла.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Летото беше вистинско време за тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Памтам кога Лептокарија в лето беше полна со Македонци, ко денес Градиште.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Работните услови во АД „Охис“, на почетокот од вработувањето, беа релативно добри – за потоа, во текот на транзицијата, да почнат сѐ повеќе и повеќе континуирано да се влошуваат: на пример, вработените немаа ниту греење, ниту ладење – па зимно време работеа на температури под нулата, а на лето беа принудени да ги поднесуваат жегата и пеколните горештини; мензата која порано одлично функционираше сега е затворена и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Љ Н беше член на Синдикатот на хемија, метали и неметали – гранков синдикат при ССМ, којшто своевремено им пружаше помош и им излегуваше во пресрет на работниците, но подоцна – поради корумпираноста, нечовечноста и свесното игнорирање на очигледното континуирано кршење на работничките права – тој длабоко се разочара и изгуби доверба во него, па се откажува од синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сѐ станува јасно кога не ќе се заборави ова: дека тоа лето беше лето за Зоки Поки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)