лет (имн.) - го (зам.)

Гого со лес како во лет го помина средното училиште, ликовната академија, па и постдипломските студии.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Превалувајќи ги ридовите, по шест во една линија, авионите ја прелетаа првата одбранбена линија, се навалија на левото крило, направија полукруг и во низок страничен лет го митралираат и ракетираат незаштитениот грб на противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Авиони во формации, по три наизменично, долетуваат од Рупишта и Кожани и во низок бришан лет го бомбардираат полето, трските, езерото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ѕидниот часовник – предел во кој да ги откриеш тајните лузни на душата; песокта што ги покрива невратените; првата насмевка што се раѓа во крошните; полноќната птица што избега од библијата; прекрасните дождови што патуваат од праискони и чекаат пред портите на пролетта; пеперутките што во својот лет го пишуваат името на мојата татковина; `рѓосаниот меч на воинот; исчезнувањето на зборот; тревата весела како детенце пред да му облечеш кошулка по бањање; ноќта во која исчезнаа светулките и се скрија меѓу цветовите на сината вазна; бесконечните надоаѓања на болката и на огнот,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Така добро го чистат да имаш утисак дека у лет го собираат.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)